28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство е намалено во 14 земји на ЕУ

Индустриското производство е намалено во 14 земји на ЕУ

fab1

Падот на сезонско прилагоденото индустриско производство во еврозоната и во ЕУ е забележан во ноември, покажуваат објавените податоци на европската статистичка агенција.

Производството во ноември се намалило за 0,3 проценти во еврозоната и во ЕУ, во однос на претходниот месец во кој било намалено за 0,8 проценти. Во споредба со истиот месец од 2011 година, индустриското производство е намалено за 3,7 проценти, а во Унијата за 3,3 проценти.

Помеѓу земјите членки за кои се достапни податоците, индустриското производство на месечно ниво е намалено во 14 земји, а зголемено во 7 земји.

Најголем пад е забележан во Словенија за 4 проценти, во Португалија за 3,4 проценти и во Шпанија за 2,5 проценти. Најголем раст е забележан во Естонија од 4,7 проценти, Летонија и Холандија од 1 процент.

На годишно ниво, меѓу земјите членки на ЕУ, со чии информации располага Еуростат, индустриското производство е намалено во 16 земји, а зголемено во пет земји. Најголемо намалување на производството е забележано во Италија од 7,6 проценти, Шпанија од 7,2 проценти и во Ирска за 6,6 проценти.

Значително зголемување на производството на годишно ниво забележале Литванија со 8,9 проценти, Естонија со 6,5 процети и Малта со 6,1 процент, покажуваат податоците на Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП