26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСигурни победи на Италија и Шпанија, дебакл на Хрватска, пораз на Португалија...

Сигурни победи на Италија и Шпанија, дебакл на Хрватска, пораз на Португалија (видео)

Неколку интересни пријателски натпревари на европскиот контитнет се одиграа во вторникот. Португалија загуби од Шведска, Шпанија победи во Париз, Русија и Белгија одиграа 3:3, Естонија ја декласира Хрватска, а Италија славеше во Амстердам.

Европскиот првак Португалија доживеа непријатен пораз од Шведска, откако по половина час со голот на Кристијано Роналдо и автоголот на Гранквист водеше 2:0.

Во вториот дел најпрвин Клесон со два гола израмни на 2:2, а победата на Шведака и ја донесе Кансело со автогол во 93.минута.

Холандија ја пречека Италија во Амстердам и потврди дека некогаш фудбалската велесила е во голема криза. Италија победи со 2:1, а трите гола ги постигнаа Италијанците. Најпрвин Ромањоли си постигна автогол, а потоа пресврт направија Едер и Бонучи.

На „Стад де Фрнас“, Франција загуби од Шпанија 0:2. Головите беа постигнати во второто полувреме, најпрвин Кошчелни направи пенал врз Деулофеу, а сигурен реализатор беше Давид Силва, а потоа по грешката на Бакајоко конечниот резултат го постави Деулофеу.

Естонија ја шокира Хрвстака, која во Талин настапи без Модриќ, Манџукиќ, Ракитиќ но со респиктибилен тим во кој беа Ковачиќ, Вида, Крамариќ, Перишиќ, Пјаца.

Головите за Естонија ги постигнаа Лутс во првото односно Васиљев и мЗењов во второто полувреме.

Најдобриот меч го одиграа Русија и Белгија на отворањето на реновираниот Олимписки стадион во Сочи. Натпреварот заврши без победник 3:3. Русија поведе преку Вацин, потоа Белгија направи пресврт со двата гола на Бентеке, потоа Миралс од пенал зголеми на 1:3, но до крајот играчите од клупата Миранчук и Бухаров и обезбедија реми на Русија.

На другите натпревари Албанија загуби од БиХ 1:2, Грузија ја декласира Летонија со 5:0, Ирска загуби од Исланд 0:1, а Австрија и Финска одиграа 1:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП