9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовости: Македонци нудат 76.000 евра месечен закуп за БИП

Новости: Македонци нудат 76.000 евра месечен закуп за БИП

Српската компанија на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски „М-6 Еден“, на јавниот конкурс за деловно техничка соработка, понудила најдобри услови за закуп на „Белградската индустрија на пиво-БИП“.

Белградскиот весник „Новости“ на својата интернет страница објави дека, во понеделникот, во Агенцијата за лиценцирање на стечајни управители биле отворени понудите за закуп на БИП.

Според истиот извор, на јавниот конкурс пристигнале три понуди, а најдобра била на компанијата „М-6 Еден“. Српската компaнија на Светозар Јаневски за закуп на БИП и сите негови брендови понудила закуп во висина од 76.000 месечно.

Понуди уште доставиле и еден конзорциум на чие чело е „Инса“, познатиот производител на часовници од Земун, односно дистрибутерот на пијалоци „Унидроп“.

„Новости“ наведуваат дека компанијата на Јаневски најпрвин понудила 50.000 евра за закуп, а последната и највисока понуда била 76.000 евра.

Конечната одлука дали БИП ќе биде даден под закуп ќе ја донесе Одборот на доверители, а крајниот рок е 4.април.

Закупецот на погоните на БИП ќе има обврска да вработи најмалку 100 работници кои во оваа компанија работеле до моментот кога бил прогласен стечајот, а исто така ќе има обврска да го напушти погонот доколку тој биде продаден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП