Сместен во срцето на канкунската хотелска зона, единствениот „Ritz Carlton“ во Мексико има едноставен пристап на интригантната историја на Маите. Преубави плажи со бел песок, уредени и дизајнирани голф терени и инспиративен поглед кон Карипското море.
Ова рајско туристичко место во Канкун има преубави апартмани со поглед на океанот и плажата, ненадминат вукс на сите специфични кујни од целиот свет, спа центар и релаксирачки активности наменети за парови и семејства.
Уживање во топлите попладневни часови на Карибите, готвење со познатите кувари во кулинарскиот центар, релаксирање во спа центрите или опуштање со звуците на брановите пред вечерата, се дел од активностите кои ги нуди овој комплекс.
Богатите услуги и бенифиции на овој ресорт ви нудат идеално бегство од реалниот свет.