5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Најважните гејмерски платформи за 2017-та

График на денот: Најважните гејмерски платформи за 2017-та

Иако новата гејмерска конзола на „Nintendo“ – „Switch“, започнува прилично добро, таа се уште нема нешто што всушност е од најголемо значење: селекцијата на игри. При лансирањето симпатизерите на „Nintendo“ имаа избор само меѓу 5 игри, вклучувајќи ја новата игра од серијалот со „Зелда“, коментира „Statista“.

Позитивниот прием на „Switch“ при нејзиното претставување ќе му помогне на „Nintendo“ да ги привлече развивачите на игри за да се прилагодат кон најголемата слабост на конзолата. Според анкета меѓу гејмерските програмери спроведена пред овогодинешната „Game Developers Conference“, само 3% од програмерите работеле по наслов за „Switch“ за време на анкетата, а 5% очекуваат следниот проект да им биде претставен и за новата конзола на „Nintendo“.

Најважната платформа од гледна точка на програмерите останува компјутерот. 53% од испитаниците рекле дека во моментов работат на компјутерска игра, а смартфоните и таблетите и „PlayStation 4“ на „Sony“ исто биле приоритетни за програмерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП