17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот имот Rainbow Point (фото)

Луксузниот имот Rainbow Point (фото)

Постојат многу погодности во овој крај, како што се приватните заедници на Лејк Ароухед, плажата, Лејк Ароухед селото со многу скапоцени бутици, како и кантри клубови со прекрасни ресторани, голф терен, палуба за сончање покрај базен и прекрасен тениски терен, многу патеки за пешачење и релаксирачки прошетки.

Ова е совршено време за купување на некој имот во оваа заедница, а доколку ве привлекуваат овие детали, на продажба е луксузниот „Rainbow Point“ имот.

Оваа луксузна вила се протега на површина од околу 1.800 метри квадратни со прилагоден дизајн, а завзема три парцели.

Некој од величенствените и привлечни елементи на овој луксузен дом се осумте пространи и луксузно декорирани спални соби, од кои две се во одвоен простор, наменет за гости, кујна со најсовремена опрема, формална трпезарија за 16 лица, библиотека, семејна соба со бар, винарија, соба за забава и елегантен камин. Овој имот е заграден и приватен, има свој простор за две јахти, а цената му е 13.750.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП