
“Кога ќе се спомне храна на бебе – веројатно на многумина првата асоцијација им е млеко”, вели Д-р Александар Митов за блогот “Здрава храна, здрави деца”.


“Кога ќе се спомне храна на бебе – веројатно на многумина првата асоцијација им е млеко”, вели Д-р Александар Митов за блогот “Здрава храна, здрави деца”.
И така е, меѓутоа, таа асоцијација биолошки е оправдана само доколку помислиме на мајчиното млеко, а не и на животинските. Впрочем, толку длабоко оди таа асоцијација што дури си го поставуваме прашањето: дали едно дете може нормално да се развива без животинските млека? Одговорот е: не само што може, туку животинските млека може да создадат многу здравствени проблеми кај малите деца. Овој текст е посветен на таа тема: проблемите кои може да ги предизвика употребата на животинските млека.
Најчесто употребувано од животинските млека кај децата е кравјо млеко. Препораките на Американската Асоцијација на Педијатри (ААП) се многу јасни и велат: на дете под 12 месеци да не се дава кравјо млеко. Кои се причините?
Кравјото млеко нема доволно:
А од друга страна, кравјото млеко има премногу:
Или, наједноставно кажано, природата го дизајнирала кравјото млеко за да биде соодветна храна за теле, а не за дете.
Кравјото млеко не само што е несоодветно, туку може да води кон конкретни здравствени проблеми кај детето.
Анемија. Давањето кравјо млеко во првата година на животот е најголемиот ризик фактор кој придонесува за развој на недостаток на железо и анемија. Кравјото млеко не само што има малку железо и неговото железо слабо се апсорбира, туку ја намалува апсорпцијата на железото и од останатите извори. Оттука, строго избегнување на кравјото млеко е неопходно се цел да се спречи анемијата и сите нејзини сериозни последици.
Алергија. Животинското млеко е најчестиот предизвикувач на алергии кај деца. Има три видови на реакции:
Зависност. Кога некои родители велат дека нивното дете е зависно од млеко (или пак самите чувствуваме зависност од млечни производи, на пример од сирење) тоа не би требало многу да не’ чуди. Постои биолошка теорија која го објаснува ова. Имено, млекото содржи казеин кој се разложува на казоморфини (опијатни пептиди). Токму така – опијатни. Ако размислиме, има многу смисла зошто природата го „дизајнирала” млекото на таков начин: а) со опијатното дејство, истото има смирувачки ефект кај бебињата, б) опијатноста создава зависност, а тоа е еден механизам како бебето да се „натера” редовно да јаде за да напредува, в) опијатното дејство ги смирува цревата.
Се разбира, сето ова е корисно кога потекнува од мајчиното млеко, но доколку се изигра првичната замисла на природата и се даде животинско млеко – ефектите се пренагласуваат: смиреноста се претвора во зависност, а смирувањето на цревата се претвора во констипација/запек.
“За крај, да повториме, при сомнеж за негативна реакција од животинското млеко – разговарајте со својот матичен лекар”, вели Д-р. Александар Митов.