27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Белорусија ќе се игра завршниот турнир во СЕХА

Во Белорусија ќе се игра завршниот турнир во СЕХА

СЕХА лигата потврди дека завршниот турнир во регионалното натпреварување ќе го организира Мешков Брест. Турнирот ќе се игра во Брест, Белорусија од 7. до 9.април.

СЕХА му ја додели организацијата на завршниот турнир на Мешков Брест кој во последното коло успеа да избори пласман меѓу најдобрите четири екипи во регионалното натпреварување.

Македонскиот првак Вардар регуларниот дел од сезоната ја заврши на првата позиција пред Веспрем, Мешков Брест и ППД Загреб.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 7.април, а двојките се Вардар-ППД Загреб и Веспрем-Мешков Брест, додека натпреварот за третото место и мечот за титулата ќе се одиграат на 9.април.

Од СЕХА соопштија дека завршниот турнир ќе биде пренесуван во девет земји, а сатницата за одигрување на натпреварите ќе биде дополнително одредена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП