5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре поскапување на горивата

Од утре поскапување на горивата

gorivo

Регулаторната комисија за енергетика денаска одлучи, од полноќ да ја зголеми цената на горивата и тоа 2 и 1,5 денари кај бензините и 1 денар кај дизелот.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 83,5 денари за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР-95 ќе изнесува 82 денари за литар.

Еуродизел ќе чини 72 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 60,50 денари за литар.

Поскапувањето на цената на горивата се должи на зголемување на цената на суровата нафта на светските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП