9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААpple не поправа уреди „загадени“ од дим

Аpple не поправа уреди „загадени“ од дим

Smoking-Apple-Logo-731033-564x400-540x382

Компанијата „Apple“ одбила да и го поправи компјутерот на една клиентка, иако уредот и бил се уште под гаранција. Причината за тоа е што дефектот бил предизвикан од дим од цигари.

Имено сервисер на компанијата „Apple“ одбил да го поправи дефектот откако во компјутерот пронашол трагови од катран и тутун, а тој се повикал на законот за безбедноста и здравјето на работа. Во телефонскиот разговор со сопственичката и објаснил дека компјутерот е „загаден“ од дим од цигари и дека таквиот проблем  го нема во гаранцијата.

Кога сопственичката на расипаниот компјутер се обидела на сервисерот да му објасни дека таа не пуши, туку дека ја дели канцеларијата со пушачи и било одговорено дека пасивното пушење исто така им штети на електронските уреди. Компјутерот не бил поправени ниту по поднесената жалба до директорот на компанијата „Apple“, а во одговорот исто така стоело дека во ниту еден „Apple Care“ центар таква поправка нема да биде извршена во рамките на гаранцијата.

Корисничката на компјутерот за поправка дала околу 3000 долари и останала шокирана, но без аргумент, поради тоа што американскиот закон е јасен – нема пушење на работно место. Да не пушеле немало да дојде до ваков дефект.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП