2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines во тежок минус - прв пат после 15 години

Turkish Airlines во тежок минус – прв пат после 15 години

Поради терористичките напади, обидите за воен удар и политичката нестабилност „Turkish Airlines“ забележа загуба за прв пат после 15 години.

„Turkish Airlines“ пријави загуба од 77 милиони долари во 2016 година, а само една година претходно оваа компанија забележа нето профит од 1,7 милијарди долари.

Главни причини за ваквата драстична промена се терористичките напади на истанбулскиот аеродром како и обидот за воен пуч во Турција, кои влијаеа на големото намалување на побарувачката и профитот.

Ова е прв дефицит кој „Turkish Airlines“ го забележа уште од 2000 година. Од оваа компанија соопштија дека во наредниот петгодишен период ќе се забави со растот на флотата, а дека оваа година ќе успеат да остварат раст на патниците бидејќи пазарот покажува закрепнување по големите политички турбуленции.

Претседателот на управниот одбор на „Turkish Airlines“ Илкер Ајчи во редовното годишно обраќање пред медиумите најави и голем раст на бројот на патниците и операциите од 2018 година.

Досега поради намалување на побарувачката дури 30 авиони се приземјени, што претставува 9 проценти од вкупната патничка флота на „Turkish Airlines“, но од оваа компанија соопштуваат дека авионите постепено ќе се враќаат во сообраќај веќе од месец април, бидејќи е забележано зголемување на побарувачката. Бројот на продадени билети за мај пораснал за 4,2 проценти во однос на истиот месец минатата година.

„SunExpress“, ќерка авиокомпанија со заеднички капитал на „Turkish Airlines“ и „Lufthansa“, исто така, забележа загуба во изминатата година. Нејзиниот минус изнесува 26 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП