4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНекогашен загубар, сега се шири во регионот

Некогашен загубар, сега се шири во регионот

Компанијата “Симпо” од Врање отвори трет салон за мебел во Скопје и дванаесетти во Македонија.

На површина од 360 метри квадратни се изложени најновите и најмодерни модели на овој производител од Врање.

Генералниот директор на “Симпо”, Слаџан Дишиќ на отварањето потсети дека оваа компанија на македонскиот пазар успешно функционира четири децении, а преку 25 години преку своја фирма во Скопје. Како што беше најавено, “Симпо” ќе отвори уште еден изложбен салон.

Покрај Скопје, широк спектар на најновите модели се во продажба и во салоните во Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Струмица и Куманово.

“Со своето произвдоство, човечки ресурси и останати потенцијали, “Симпо” претставува еден од водечките производители и дистрибутери на мебел на просторите на Југоисточна Европа. Има производи кои се усогласени со барањата на купувачите во поглед на квалитетот, дизајн, комфор и функционалност. Раководејки се по европски и светски стандарди, деловната политика е усогласена со барањата на потрошувачите”, рече Дишиќ.

“Симпо” е на македонскиот пазар од 1976 година, кога е отворен првиот малопродажен објект во Охрид, а потоа и во другите големи градови.

По распадот на Југославија, “Симпо” за разлика од други републики го зачува својот имот во Македонија, благодарение на добрите односи меѓу двата народи и двете држави.

Новоотворениот саоон за мебел во Скопје е вкупно 48-от во малопродажната цена на“Симпо”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП