29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПретседателот на управата на „Триглав“ е прогласен за најдобар финансиер за 2013

Претседателот на управата на „Триглав“ е прогласен за најдобар финансиер за 2013

rakovec

Претседателот на Управата на Словенечката осигурителна компанија “Триглав“ – Матјаж Раковец, втора година по ред е избран за најдобар финансиер од страна на жирито, составено од педесет водечки менаџери од поголемите словенечки компании и ревијата Капитал.

Наградата за најдобар финансиер во 2013 на Раковец му е доделена на финансискиот саем Капитал, на кој веќе 19-та година по ред се претставуваат банките, осигурителните компании, инвестициските фондови и други финансиски установи.

Во рамките на финансискиот саем Капитал 2013, што се одржа во Цанкарјев дом во Љубљана, ревијата Капитал ги додели сега веќе традиционалните награди за најдобра компанија, најдобар директор и најдобар финансиер.

И покрај кризата во финансискиот сектор, „Триглав“ минатата година оствари рекордна добивка и во услови на тешки времиња.

– Одличните деловни резултати на компанијата се одраз на макотрпна работа и доследно следење на стратешките насоки. Поволните резултати во осигурителната дејност ги достигнавме во комплексни услови, кои го одбележаа барањето на вистинската насока за заобиколување на финансиската и економската криза. Верувам, дека и во иднина успешно ќе чекориме по зацртаната насока, со полна одговорност и грижа, истакна Раковец.

Наградите беа доделени по одржаната панел дискусија, на која учесниците дискутираа за иднината и предизвиците на словенечкиот финансиски пазар.

Првиот човек на најголемата словенечка осигурителна компанија истакна дека положбата не е толку лоша како што се прикажува. Заедно со останатите гости изрази оптимизам дека Словенија полека се извлекува од кризата, но дека е потребно итно решавање на проблемот со слабите банки и донесување мерки со кои државата ќе излезе од рецесија. Кон оваа цел значително можат да придонесат финансиските институции каква што е групацијата Триглав, како најуспешна осигурително-финансиска групација во Словенија и една од водечките во југоисточна Европа.

Заваровалница Триглав и групацијата Триглав и покрај сложените економско-финансиски услови, деловната 2012 година ја завршија успешно. Нето деловниот резултат на групацијата Триглав минатата година изнесуваше 73,2 милиони евра, што е 54 отсто повеќе од 2011 година, додека пак нето деловниот резултат на матичното друштво во споредба со 2011 година се зголеми за 15 отсто и изнесуваше 50,4 милиони евра. Се подобри и приносот на капиталот на групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав. На ниво на Групацијата изнесуваше 13,8 отсто, што е за 4,2 процентни поени повеќе во однос на 2011 година, со што се надмина планираниот принос до 2015 година (12% принос на капиталот).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП