29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГД Гранит АД прокнижи висока добивка за 2016 година

ГД Гранит АД прокнижи висока добивка за 2016 година

ГД Гранит АД за периодот Јануари – Декември 2016 година оствари позитивни финансиски резулати и оствари добивка од 234 милиони денари.

Сметководствени политики и методи  на вреднување

Во 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финасиските извештаи на ГД Гранит АД.

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи во 2016 година изнесуваат 4.879.400 илјади денари и во споредба со остврените во 2015  бележат  раст   од  15 %.

Вкупни расходи

Остварените  вкупни расходи во 2016 година  се во износ од  4.640.861   илјади ден и во споредба со 2015 година бележат  раст  од  16 %  .

Дивиденда

На 14.06.2016 година на Годишното собрание на акционери  одобрена е пресметка  и исплата на бруто дивиденда за 2015 година во износ од  61.554  илјади  денари , односно 22,22  денари бруто за една акција.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства  во 2016 година  изнесуваат   362.678   илјади  денари   и тоа

  • нематеријални вложувања           474  илјади ден
  • материјaлни вложувања      354.204  илјади ден

Деловната активност на ГД Гранит АД е целосно насочена кон остварување на динамичките планови според договорените работи  и целосна активност кон добивање на нови проекти во земјата и странство.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП