12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради поевтина ТВ претплата, 13 илјади Британци гледаат црно-бел телевизор

Поради поевтина ТВ претплата, 13 илјади Британци гледаат црно-бел телевизор

tv1

Поради поевтината ТВ претплата, повеќе од 13 илјади Британци сеуште користат црно-бели телевизори, а според информациите од медиумите, причините поради тоа не се носталгични, туку економски.

И покрај напредната современа технологија, во Велика Британија голем број на домаќинства гледаат црно-бел телевизор од економски причини, бидејќи годишната претплата за нив, на годишно ниво е за 100 фунти помала од претплатата за телевизорите во боја.

Во текстот со наслов „Заборавете на 3D, во Британија 13 илјади луѓе сеуште гледаат црно-бел телевизор“, се наведува дека годишната претплата за црно-белите приемници е 49 фунти.

Според британскиот весник „Дејли Телеграф“, во 2000 година 212.000 британски домаќинства користеле, црно-бели телевизори.

Внукот на пронаоѓачот на телевизорот, Џон Берд, смета дека телевизорот е значаен за секојдневните семејни собири, тој смета дека употребата на црно-бел телевизор има длабока сентименталност и дека на некои им е особено тешко да се откажат од црно-белиот телевизор.

Во повеќето земји, ТВ претплатата е еднаква за сите типови на телевизор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП