28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМicrosoft ги интегрираше Skype и Outlook

Мicrosoft ги интегрираше Skype и Outlook

skypeoutlook-e1367308382120

„Microsoft“ ја најави својата интеграција на своите два сервиса, „Outlook“ и „Skype“. Оваа интеграција ќе им овозможи на корисниците на „Outlook“ да извршуваат аудио и видео повици директно од своето сандаче.

Таканаречената „preview“ верзија ќе биде пуштена прво во Велика Британија, а додека на американскиот и германскиот пазар корисниците ќе можат да ја испробаат во наредните недели.

„ Со „Skype“ за „Outlook“ можете да одберете вистински медиуми за вашата порака, било тоа да е електронска пошта, повик, видео-повик или порака“, беше соопштено од страна на компанијата.

Skype-en-Outlook

За да работи „Skype“ за „Outlook“ потребно е само да се превземе одредениот „plug-in“ кој е достапен за најновите верзии на „Internet Explorer“, „Chrome“ и „Firefox“. Оние кои веќе имаат „Skype“ корисничко име ќе мораат да го поврзат со „Outlook“ со што своите контакти од „Skype“ ќе ги додадат на „Outlook“.

Од „Microsoft“ велат дека „Outlook“ привлекол 60 милиони нови корисници за само шест месеци од промовирањето, што се смета за најбрз растечки сервис за пораки во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП