До каде ќе не однесе технологијата? Луѓето не се заситуваат со можностите кои ги нуди најновата технологија и секојдневно измислуваат на кој начин да ја усовршат.
Оваа луксузна канцеларија наликува како канцелариите кои ги гледаме во филмовите за научна фантастика.
Оваа канцеларија се состои од аеродинамична фотеља, приспособена работна маса и три монитори. Таа има специјализиран систем за ладење и греење, систем за ароматерапија, посебно светло со терапевтски својства на светлината и тапацир од кожа со најголем квалитет.
Во фотељата се вградени масажери за релаксација и активација на телото и мозокот. Таа се прилагодува на положбата на телото благодарение на вградените сензори, односно на секое движење на човекот таа го менува својот облик.
Може да биде ваша за 44.750 американски долари.