17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка АД Прилеп со намалена добивка во 2016 година

Витаминка АД Прилеп со намалена добивка во 2016 година

vitaminka

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2016 година оствари позитивен финансиски резултат од 21.396 илјади денари, што е пониска во однос на 2015 година која изнесувала 57.686 илјади денари.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во 2016 година изнесуваат 1.730.934 илјади денари и во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 1%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 3%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во 2016 година изнесуваат 1.740.990 илјади денари и во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 5%. Порастот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2016 година.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во 2016 година изнесуваат 211.069 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните единечни обврски по кредити на 31.12.2016 година изнесуваат 160.363 илјади денари и во споредба со состојбата на 31.12.2015 година бележат намалување од 20%.

Нови вработувања

Во периодот Јануари – Декември 2016 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп се реализирани дополнителни 20 нови вработувања.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП