18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvо XC60 стана хибрид со 407 КС (фото+видео)

Volvо XC60 стана хибрид со 407 КС (фото+видео)

vvsuv 01

Компанијата „Volvo“ ја  претстави новата генерација на кросоверот „XC60“. Таа е изградена на модуларната платформа „SPA“, а добила и хибриден агрегат со моќност од 407 КС. Оваа верзија на теренецот забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди.

Палетата мотори на втората генерација на моделот вклучува уште два бензински и два дизел турбомотор, а сите се со 4 цилиндри и со зафатнина од 2,0 литри. Дизелите развиваат 190 КС (D4) и 235 КС (D5), а бензинските се 254 КС (Т5) и 320 КС (Т6).

vvsuv 02

При излегувањето на пазарот сите верзии на „Volvo XC60“ ќе бидат опремени со систем за погон на сите четири тркала, како и со 8-степен автоматски менувач. Во подоцнежна фаза ќе се појават и послаби модификации со рачен менувач и преден погон.

vvsuv 04

Димензиите на кросоверот се должина од 4690 мм, ширина од 1902 мм и висина од 1658 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2865 мм. На овој начин моделот е со 46 мм подолг, со 11 мм поширок и за 55 мм понизок од својот претходник. Меѓуоскиното растојание е 91 мм во корист на новата генерација.

Од шведскиот производител се категорични дека тоа е еден од најбезбедните модели во светот. Во опремата влегуваат систем за спречување на фронтален удар, систем за контрола на лентата на движење, адаптивен круз-контрол, кој при брзина до 130 км/ч го презема управувањето со воланот, педалите за гас и сопирачката, но само под јасно исцртано означување.

vvsuv 03

Автомобилот, чие производство ќе започне во средината на април, има исто така со 4-зонска климатизација, како и со мултимедијален систем „Sensis“ со „Apple CarPlay“ и „Andorid Auto“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП