21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTелекомуникацискиот гигант ZTE ќе плати казна од 1,2 млрд долари во САД

Tелекомуникацискиот гигант ZTE ќе плати казна од 1,2 млрд долари во САД

ZTE

Кинескиот телекомуникациски гигант ZTE се согласил да им исплати 1,2 милијарди американски долари на САД поради извоз на стоки во Иран и Северна Кореја, со што ги прекршил санкциите, објавија во вторникот американските власти.

По долгата истрага, покрената во времето на претходниот американски претседател Барак Обама, кинеската телекомуникациска компанија ZTE признала дека во Иран и во Северна Кореја извезувала телекомуникациска опрема произведена во САД, во износ од неколку стотини милиони долари, објавија неколку американски министерства.

Кинеската компанија, исто така, признала дека дала лажни информации пред властите за да ги прикрие малверзациите.

ZTE мора веднаш да исплати 892 милиони долари и во текот на следните седум години ѝ се заканува дополнителна каза од 300 милиони долари доколку направи нов прекршок, се наведува во договорот.

„Го предупредувам целиот свет, доста беа играња. Оние коишто ги прекршат економските санкции ќе бидат казнети и ќе се соочат со тешки последици“, коментираше американскиот министер за трговија Вилбур Рос.

Ова не е прв случај во САД да биде казнета странска компанија поради кршење на санкции. Француската банка „BNP Parisbas“ во 2014 година се согласи да исплати 9 милијарди долари глоба, поради недозволени трансакции во Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП