9 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЖенева: Деби на новиот „ѕвер“ на Hondа (фото+видео)

Женева: Деби на новиот „ѕвер“ на Hondа (фото+видео)

dzver honda 00

Сериската верзија на новиот „Honda Civic Type R“ е една од големите ѕвезди на автомобилскиот саем во Женева, а спортскиот модел е базиран на десеттата генерација на јапонскиот бестселер.

dzver honda 01

Новиот „Type R“ ќе се составува во англиската фабрика на Honda во Свиндон и оттаму ќе се извезува за целиот свет, вклучувајќи и за Јапонија и САД. Главните цели на креаторите на новиот „Type R“ биле да се подобри динамиката на возилото, стабилноста при високата брзина, како и да се подобри претставувањето на патеката.

dzver honda 05

Новиот „Civic Type R“ дебитира со 2,0-литарски бензински турбо мотор со моќност од 315 коњски сили, кој работи со 6-брзински мануелен менувач и погон на предните тркала. Новиот модел е со 10 коњски сили помоќен од својот претходник, а моторот му обезбедува 400 Нм вртежен момент.

Со овој автомобил „Honda“ ќе се обиде да го врати рекордот на Нирбургринг, кој сега е во сопственост на „VW Golf Clubsport S“. Германскиот модел постигна 7,49 минути, соборувајќи го претходниот рекорд на „Type R“ со 1,4 секунди.

dzver honda 03

Лидерот на проектот „Civic Type R“ – Хидеки Какинума, изјави британското списание „Auto Express“, дека тој и неговиот тим никогаш не планирале погон 4х4 за спортскиот модел, иако некои од противниците на јапонскиот модел како „Ford Focus RS“ и „VW Golf R“ се насочија во оваа насока. Во потрага по поширока публика „Civic Type R“ ќе излезе на пазарот со адаптивни амортизери и три различни режими на работа: „Comfort“, „Sport“ и наменетиот за писта „R +“. Секој еден режим ја дефинира работата на воланот, педалот за гас, суспензијата и менувањето на брзините.

dzver honda 02

Друга новина е автоматското израмнување на брзината при менување на брзините во опаѓачки редослед – така самото префрлување станува полесно, а електрониката не дозволува брзината на моторот да падне и возилото да загуби дел од динамиката.

dzver honda 04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП