Фасцинантниот „Belmond Le Manoir Aux Quat’Saisons“ лесно може да се смета за посебен свет…
Овој прекрасен хотел сместен во Оксфордшир е место каде ќе доживеете неверојатни кулинарски авантури и ќе ги остварите вашите соништа. Фузијата на луксузниот хотел и ресторан со Michelin ѕвезда, е визија на Рејмонд Бланк, кој помислил дека мешавината на врвната кујна и уникатните соби, проследена со прекрасното опкружување, е совршен рецепт за успех.
Па, можеме да кажеме дека не погрешил. Славниот готвач успеал да направи спој од луксузно одморалиште и ресторан кој ќе ги разбуди вашите стила. Во комбинација со прекрасни, рајски градини.
Овој хотел е сам по себе прекрасно место за одмор, со само 23 соби и апартмани. Четири соби добиле редизајн од познатата дизајнерка на ентериери Емили Тодхандер во 2010 година. Секоја соба и апартман се уникатни и имаат симпатични имиња L’Orangerie, Lace и Passion Flower се само некои од нив.
Ако некогаш се одлучите да го посетите ова место, нема да можете да ги игнорирате прекрасите градини кои го опкружуваат хотелот, особено поради зеленчуците и овошјата кои ќе ве опијат со нивните ароми.
Тука се служи модерна француска кујна, која на шефот Бланк и неговиот ресторан му донесе две Мишелин ѕвезди.
Вашите сетила овде ќе бидат импресионирани, а вие нема да знаете во што попрво да уживате…