КОМПАНИИ

Пекабеско АД Скопје со зголемена добивка за 2016 година

pekabesko

Пекабеско АД за периодот Јануари Декември 2016 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех и оствари добивка од 110.392 илјади денари.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари-Декември 2016 година изнесуваат 4.019 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 18%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 18%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари-Декември 2016 година изнесуваат 3.873 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 18%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари-Декември 2016 година изнесуваат 79.5 милиони денари и кумулативно за 4 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон бруто инвестициите во основни средства достигнаа 255 милиони денари.

Обврски по кредити

Долгорочната задолженост на 31.12.2016 година изнесува 488 милиони денари и во споредба со состојбата на 31.12.2015 година бележат намалување од 8%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.