3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЌе патуваме со куфер со вештачка интелигенција (фото+видео)

Ќе патуваме со куфер со вештачка интелигенција (фото+видео)

gita piago3

„Piaggio Group“, најголемиот европски производител возила на две тркала, претстави свои два револуционерни производи – „GITA“ и „KILO“. Ова се првите проекти развиени од нејзината „ќерка“ компанија со седиште во САД, „Piaggio Fast Forward“, која развива голем број технолошки решенија поврзани со мобилноста.

„GITA“ е робот, висок 66 см, може да носи до 18 кг и да се движи со брзина од 35 километри. Тој може да се движи заедно со човек или да се движи автономно во претходно нанесени области на картата. „GITA“ има специфична сферична форма и чист дизајн. Тој може да се ориентира во просторот, работи на батерија која трае до 8 часа и се полни со полнач за 3 часа.

gita piago4

„KILO“ е „големиот брат“ на GITA, и благодарение на поголемиот капацитет, може да носи до 100 килограми во својот 120-литарски простор. Благодарение на трите тркала тој е исклучително стабилен.

Микеле Коланино, извршниот директор на „Piaggio Fast Forward“, и Роберто Коланино, извршен директор на „Piaggio Group“, велат дека „GITA“ е создаден откако од компанијата ги испитуваа луѓето и нивните навики. „Разбрав дека треба да создаваме производи кои одговараат на потребите на луѓето на утрешниот ден“, коментира Микеле Коланино.

gita piago

„Развиените производи кои ќе ги подобрат и прошират човечките можности, наместо едноставно да се стремиме да ги замениме. Замислете колку послободно ќе можете да се движите од една до друга точка, доколку не разнесувате багаж“, додава Роберто Коланино.

Изгледот на „GITA“ е инспириран од серијалот „Војна на ѕвездите“. Се изговара „џи-та“ и на италијански значи „кратко патување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП