24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСигурни победи на Лас Палмас и Атлетико (видео)

Сигурни победи на Лас Палмас и Атлетико (видео)

download (14)

Атлетик Билбао, Лас Палмас, Атлетико Мадрид и Ла Коруња забележаа победи во 26.коло, во Примера.

Атлетик Билбао во последните 20 минути го скрши отпорот на Малага, која на „Сан Мамеш“ имаше подобри шанси за постигнување на гол. Атлетик славеше минимално со 1:0, а голот го постигна Раул Гарсија од пенал во 72.минута.

Лас Палмас со четири гола во второто полувреме ја победи Осасуна 5:2, иако гостите по првиот дел водеа 1:2. Хесе го постигна првиот гол на натпреварот, но потоа Кодро со два гола направи пресврт.

Во второто полувреме Ливаја израмни, потоа Гарсија постигна авто гол, а до крајот мрежата на Осасуна ја погодија Меса и Хесе.

Атлетико Мадрид со сигурна игра славеше во дуелот со Валенсија, а мечот од трибините го следеше Фернандо Торес кој во четвртокот, во Ла Коруња, доживеа потрес на мозокот.

Гризман ја отвори серијата во првото полувреме, а потоа во вториот дел Гамеиро и Гризман го поставија конечниот резултат 3:0.

Во понеделник 26.коло ќе го комплетираат Алавес и Севилја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП