3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапите парфеми во светот

Најскапите парфеми во светот

parfums1

Ставањето парфем за некого е обична секојдневна рутина, а многу луѓе без  размислување интензивно го користат она што им мириса најубаво во тој период. Сепак постојат и такви кои повеќе се интересираат за брендот и уникатната арома што тој ја нуди. Ова се најскапите, и едни од најпопуларните брендови, барем меѓу оние луѓе што можат да си ја дозволат нивната цена.

 

pa11.Jar Parfums, Bolt of Lightning

Овој парфем има навистина уникатен мирис што вистински навлегува во кожата и може да се чувствува неколку денови, ако решите да не се избањате. Ова е идеален летен парфем со цена од 756 американски долари. Неговото купување вреди ако сакате да го користите навистина ретко, само за посебни настани и специјални пригоди.

 

 

 

 

pa22.Jean Patou, Joy

Парфемот на Jean Patou има класичен и без временски мирис, што одговара за секоја прекрасна жена способна да ја трансформира својата личност и да го нагласи шармот. Парфемот е претставен во 1930 година од самата Џин Пато. Парфемот чини 800 американски долари и може да се купи само во посебни продавници.

 

 

 

 

pa33.Shalini Parfums, Shalini

Со сензуален мирис, овој парфем ја опишува и совршено се вклопува во модерната ера во која живееме денес. Shalini ја дефинира жената на модерната генерација, која е безгрижна и слободна. Парфемот се продава само во ограничени количини и чини 900 долари.

 

 

 

 

pa224.Herm, 24 Fauborg

Во 1995 година овој парфем ја доби титулата за најдобар женски парфем, а постојано се вбројува меѓу најскапите брендови. Денеска е достапен на пазарот за 1.500 долари и буквално го светнува лицето наутро, поради неговите позитивни ефекти на кожата.

 

 

 

 

pa115.Annick Goutal, Eau d’Hadrien

Овој парфем се појави на пазарот во 1996 година, а нуди различни мириси на бергамот, босилок, грејпфрут, лимот, персиски лајм, пеперминт, мандарина и шума. Свежиот мирис може да се купи за 1.500 долари.

 

 

 

 

pa66.Baccarats, Les Larmes Sacress de Thebe

Ова е парфем што се издвојува меѓу останатите и е еден од оние што тешко може да се најдат и да се купат. Тој е комбинација на миризлива смола и темјан, а неговата цена е 1.700 долари. Се одликува со голем квалитет неверојатна чистина на аромата. Неговата појава исто така е атрактивна, бидејќи изгледа како пирамида.

 

 

 

 

pa337.Chanel, No. 5

Парфемот на Chanel не само што е многу скап, туку е и исклучително популарен на пазарот, поради „инвазијата“ што ја направи кај клиентите. Според некои податоци по еден парфем се продава секоја 30-та секунда и покрај високата цена од 1.850 долари. Овој парфем се уште е еден од омилените мириси на познатите личности и на луѓето од високите слоеви на општеството.

 

 

 

 

pa448.Caron, Poivre

Парфемот на Caron создаден во 1954 година може да го користат и мажи и жени. Парфемот се продава во ограничен број на примероци, но тоа и не е така страшно бидејќи со цената од 2.000 евра само ограничен број на луѓе можат да си го дозволат.

 

 

 

 

pa99.Clive Christian, No. 1

Парфемот на Clive Christian во 2001 и 2008 година беше на врвот на листите на најскапи парфеми, но овој пат стигна само до второто место. Ова е истиот парфем што Кејти Холмс го носеше на нејзината свадба со Том Круз. За тоа задоволство актерката одвои 2.150 долари.

 

 

 

 

pa5510.Clive Christian, Imperial Majesty

Магазинот Forbes го прогласи за најскап бренд во 2011 година, а неговиот уникатен мирис е привилегија само за малкумина што можат да си го дозволат. За да го купите и да го однесете дома, овој кралски парфем, има и кралска цена – чини неверојатни 215.000 долари. Во светот постојат само десет шишиња од овој вистински уникатен парфем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП