2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата правосмукалка во светот

Најскапата правосмукалка во светот

pra1

Правосмукалката е направена од рециклирани делови, украсени со 3.730 Сваровски кристали…

Компанијата „Electrolux Floorcare“, ја претстави најскапата и најлуксузна правосмукалка во светот – „Crystal Ergoripado“. Правосмукалката е направена од рециклирани делови и украсена е со дури 3.730 Сваровски кристали.

pra2

Дизајнер на оваа луксузна правосмукалка е полскиот моден дизајнер Лукас Јемиол. Она што ја издвојува од останатите примероци е цената од рекордните 15.000 евра.

pra3

Правосмукалката беше претставена на изложбата „Good Housekeeping“, во институтот во Лондон во 2012 година. После тоа, беше неопходно да се донесе одлуката дали „Crystal Ergoripado“ ќе се најде во комерцијалната продажба и кој ќе биде во можност да ја купи.

pra4

Во секој случај, од дамата која ќе ја добие оваа правосмукалка, и понатака се очекува да ја чисти куќата, но овој пат тоа да го прави со задоволство…

pra5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП