10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВаква би требало да биде новата Nokia 3310

Ваква би требало да биде новата Nokia 3310

Nokia-3310-Concept-Creator-render-2017-1_副本

Кинеската интеренет страна „Vtech“ најверојатно дојде до информации за новата верзија на „Nokia 3310“.

Oвој уред ќе биде сличен на славниот оргинал, но ќе биде полесен и потенок. Наместо оргиналниот дисплеј, ќе биде верзија во боја, но со цел траењето на батеријата да биде подолго, резолоцијата нема да биде висока.

Уредот, кој би требало да биде претставен на „MWC“ (Mobile World Congres) следната недела, ќе биде достапен во повеќе бои, вклучувајчќи црвена, зелена и жолта.

Моделот би требало да чини околу 60 евра, со покрај него ќе се појават и „Nokia 3“ и „5“.

Во јануари компанијата го претстави моделот „6“ со 5,5 инчен екран кој би требало да чини околу 250 долари.

Оргиналната „Nokia 3310“ беше претставена во 2000-та година како наследник на омилената „3210“.

Како и кај претходникот, корисниците го сакаа овој уред поради издржливоста и беше еден од најпродаваните уреди на сите времиња, кој е продаден во 100 милиони примероци ширум светот.

Oвие класични модели и помогнаа на „Nokiа“ да стане синоминм за долговечност и отпорност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП