15 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКралско уживање во Варадеро (фото)

Кралско уживање во Варадеро (фото)

кј1

Уживањето на одморот е нешто на што сите се радуваме, во секој период од годината…

Доколку сакате совршен тропски одмор, ви предложуваме една од дестинациите кои ќе ги земете во предвид да биде кубанскиот град Варадеро. Овде можете да заборавите на сите ваши грижи, особено доколку го посетите „Paradisus Princes del Mar Resort & Spa“ и побарате кралска услуга. Ако барате идеална локација за уживање и мир, ексклузивност и луксуз, а притоа да сте одвоени од реалниот свет, ова место е совршен избор.

Пиењето на шампањ по пристигнувањето во хотелот е само почеток на вашиот одмор. Во овој дел од светот, сонцето секогаш сјае, воздухот е чист а брановите кои плискаат во брегот ве повикуваат да заборавите на стресот, бучавата и рутината.

Доколку го посетите ова магично одморалиште, на располагање ви се осум разлини типови на апартмани, при што „Master Junior“, „Garden Swim Up Royal Service“ и „Presidential“ апртманите се најимпресивните опции. Изберете своја перница од менито, нарачајте и уживајте во спа услугите во приватноста на својата соба. Уживајте во барот во близина на базенот, или во самиот базен.

Романтиката, изолираноста и убавината на природата се идеални елементи од ова одморалиште кое е совршено и за заљубените парови. Услугата од персонализиран батлер чека на вас, како и прекрасниот „Hill Top Hideaway“ ресторан. За околните плажи нема да зборуваме – ви оставаме сами да ги погледнете…

кј2

кј3

кј4

кј5

кј6

кј7

кј8

кј9

кј10

кј11

кј12

кј13

кј14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП