17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Виолински бравури“ со брилијантната Сихана Бадивуку

„Виолински бравури“ со брилијантната Сихана Бадивуку

badivuku33

Македонската филхармонија ве води на уште еден возбудлив концерт со прекрасна музика и одлични солисти.

На 23 февруари во Домот на АРМ во 20 часот, ќе се одржи симфонискиот концерт „Виолински бравури“ на кој како солист ќе се претстави една од најпрефинетите виолинистки кај нас, Сихана Бадивуку. На програмата се виртуозните „Циганка“ и Интродукција и рондо капричиозо од француските музички мајстори Морис Равел и Камиј Сен Санс.

Прв пат во Македонија, гостува извонредниот диригент Со Аватсуџи од Јапонија, добитник на наградата на Македонската филхармонија на натпреварот за диригенти „Ловро фон Матачиќ“.

Под негова диригентска палка, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе и премиерата на делото „Бескрајно сега“ од македонскиот влијателен композитор Илија Пејовски, со што се одбележуваат 70 години од неговото раѓање, како и лирската Симфонија во Це од Жорж Бизе.

Инаку, меѓународниот натпревар за млади диригенти „Ловро фон Матачиќ“, отворена за диригенти до 35 годишна возраст, е едно од најпрестижните признанија во регионот. Особено е значајно што и Македонската филхармонија е вклучена во оваа манифестација, што е сместена на мапата на важните музички настани, со оглед на фактот дека маестро Ловро фон Матачиќ силно влијаел во почетоците на развојот на оваа институција и воопшто на музичкиот живот во земјава. Наградата ја добиле врвни диригенти кои сега градат навистина успешна кариера во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП