19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИRWE пријави загуба од 5,7 млрд евра

RWE пријави загуба од 5,7 млрд евра

RWE_0

Германскиот дистрибутер на електрична енергија RWE соопшти во среда дека минатата година ја забележал со загуба од 5,7 милијарди евра заради отписот на вредностите на електраните и еднократните трошоци поврзани со постепеното напуштање на нуклеарната енергија во Германија.

Според прелиминарниот извештај RWE минатата година бил принуден да отпише вкупно 4,3 милијарди евра вреден имот, од што најголем дел отпаѓа на непрофитабилните електрани во Германија, а остатокот на имотот во Велика Британија, Холандија и Турција.

Дополнителен проблем за германската енергетска компанија, како и за останатите во тој сектор во Европа, се ниските големопродажни цени на струјата и субвенционираната конкуренција која произведува струја од обновливи извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП