21 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Ohla Hotel во Барселона (фото)

Луксузниот Ohla Hotel во Барселона (фото)

oh1

Ова место е сместено во срцето на историските знаменитости покрај медитеранскиот брег и всушност е најдобар хотел каде можете да се сместите доколку сте наумиле да патувате во Барселона, според советите на многу водичи и рецензии од гостите…

Со прекрасна мешавина на европската историја и лежерноста која ја имаат сите градови кои се наоѓаат на море, Барселона секогаш била една од најпопуларните дестинации за одмор во светот, а овој шармантен хотел е само на неколку чекори до најпопуларните знаменитости во градот.

Гостите можат да изберат меѓу 74 модерно стилизирани соби, со црно-бел ентериер, а неверојатно големо внимание им е посветено и на деталите, кога станува збор за декорот. Овој хотел ќе ги задоволи и најкаприциозните гости, така што секој посетител ќе се почувствува размазено, бидејќи лицата од хотелот непрекинато ќе ви удоволуваат.

Доколку сакате да вечерате и да имате фасцинантен поглед, би требало да ги знаете сите четири ресторани, кои ги посетува хотелот, а тие нудат неверојатен поглед кон целиот град.

„Sauc“ ресторанот со Мишелин ѕвезда ќе ве доведе во некаков вид на гастрономска нирвана, а исто така можете да се релаксирате и покрај базенот со егзотичен коктел, кој е идеално нешто за опуштање со пријателите.

oh2

oh3

oh4

oh5

oh6

oh7

oh8

oh9

oh10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП