18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ќе пушти електричен камион уште оваа година

Mercedes ќе пушти електричен камион уште оваа година

etrak3

„Mercedes“ ќе го претстави целосно електричниот камион пред крајот на годината, а се предвидува производство на мала бројка на камиони, кои ќе бидат дадени на клиенти на брендот, за да ги тестираат во реални услови.

Електричниот камион се уште нема име, но ќе биде базиран на концептот „Urban eTruck“ (на сликата), кој дебитираше минатата година.

Се очекува дека носивоста на електричниот камион ќе биде 12.700 килограми, тој ќе може да мине 200 километри со едно полнење. Засега тоа се единствените технички податоци кои успеале да истечат од единицата на тешки возила на „Mercedes“.

200 поминати километри не се многу, но од „Mercedes“ прецизираат дека камионот ќе е наменет главно за градски рути. Дел од прототипите ќе можат да носат конвенционални товари, а други ќе се опремени со фрижидер фургон. Се претпоставува дека ќе има и такви кои ќе служат главно за употреба во градежништвото.

За тестирање на програмата на „Mercedes“ се избрани 20 транспортни компании, а тестирањата ќе почнат во Германија. Тестовите ќе траат една година, а податоците собрани за овој период ќе бидат од корист при развојот на серискиот модел на електричниот камион, кој ќе излезе на пазарот најдоцна во 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП