27 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕThe Covenant - Луксузен имот во Санта Фе (фото+видео)

The Covenant – Луксузен имот во Санта Фе (фото+видео)

им1

Кога зборуваме за луксузна архитектура, може да ја поделиме во две категории, луксузни домови и остварување на соништата…

Во втората група спаѓа имотот за кој пишуваме овој пат, односно The Covenant, кој се наоѓа во Санта Фе. Овој имот е еден од најпосакуваните во САД и сега е достапен за купување по цена од 45 милиони долари.

The Covenant, имотот еднаш веќе беше достапен за купување, пред две години да бидеме попрецизни, со цена од 60 милиони долари. Вилата која се наоѓа на овој имот има околу 2.600 квадратни метри, а нејзината изградба траеше седум години.

Ја дизајнираше брилијантниот Гај Дрејер, а сместена е на имот од 22,22 ари, со перфектно уредено опкружување кое е дело на пејсажниот архитект, Тереза Кларк.

Оваа вила спаѓа во групата на паметни домови, што значи дека употребата на енергија и класифицирањето на сметот овде строго се надгледуаваат. Таа е целосно самоодржлива, а со струја се напојува од соларните панели, па така нема речиси никаков трошок и потрошувачка на електрична енергија.

Нејзиниот простран животен простор може да се користи на повеќе начини, а зрачи со топлина и гостопримливост. Шесте спални соби и десетте бањи ќе се погрижат да имате сосема доволно место и комфор.

Нормално, среќните сопственици на оваа вила ќе имаат и прилика да уживаат во нејзините најдобри делови, како што е мастер спалната соба, која зазема еден цел спрат. Исто така, оваа вила е опкружена и со цитрусни овошки, а тука се наоѓа и базенот, тенискиот и кошаркарскиот терен.

им2

им3

им4

им5

им6

им7

им8

им9

им10

им11

им12

им13

им14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП