19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на црно-бели фотографии од народот Мурси во Африка

Изложба на црно-бели фотографии од народот Мурси во Африка

Murzi-680x365_c

Амбасадата на Франција ги кани сите заинтересирани во четврток, во 19 часот, во Националната галерија Чифте Амам (Стара чаршија) на отворањето на изложбата на фотографии во црно-бела техника на Доминик Готје, прв советник во Амбасадата на Франција во Скопје.

На изложбата ќе присуствуваат и Амбасадорот на Франција, дипломатскиот кор и претставници од уметноста и културата.

Оваа изложба се состои од 70 портрети на жени, мажи и деца од народите кои живеат во Долината на реката Омо, на границата со Етиопија, Јужен Судан и Кенија, изработени за време на две патувања на господинот Готје во оваа оддалечена област, во 2006 и 2007 година, додека бил на функција во Амбасадата на Франција во Адис Абеба.

Овие народи се познати по својата убавина и по тоа што ја негуваат телесната уметност (слики на тело, необични фризури, облека и други орнаменти). Исто така, таму живеат импресивните жени со истегнати усни од народот Мурси чиишто мажи се занимаваат со овчарство. Но тие се и прекалени воини и се сметааат всушност за последните голи воини во Африка. Изложбата „Народите од Долината Омо“ ќе биде отворена до 26 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП