17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКД Фондови со над милијарда денари актива

КД Фондови со над милијарда денари актива

kd

Македонците сѐ повеќе вложуваат во инвестициски фондови, потврдуваат од Друштвото за управување КД Фондови, чија актива периодов достигна над 1 милијарда денари. Станува збор за средства кои клиентите ѝ ги довериле на оваа финансиска институција, за да во нивно име бидат пласирани во акции од профитални и реномирани компании, претежно интернационални.

Овој позитивен тренд на вложување во хартии од вредност се потврдува и од случувањата на македонската берза, каде последниве месеци има зголемен промет, а вредноста на акциите бележи раст. Тоа делумно е резултат на намалените каматни стапки на депозитите кои стануваат сѐ понеатрактивни за вложување, но и на зголемената информираност и позитивните првични искуства од вложувањето во фондови во земјава.

Според портфолио менаџерите во КД Фондови, луѓето сакаат да вложуваат во компании кои имаат стабилен раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и повисока реализирана добивка, кои дури и во услови на економска криза остваруваат солидни приноси. Повеќето се скептични на почетокот, но кога по извесен период ќе сфатат како се оплодуваат нивните средства, дека истите се сигурни и дека можат да се повлечат во секое време, тогаш се охрабруваат да вложат уште повеќе или пак да склучат договор за постепено вложување на подолгорочен период. Па така, луѓе од Македонија поседуваат акции од компании како Coca Cola, Apple, Google, Nike, BMW, McDonald’s, Microsoft, Mercedes-Benz итн., благодарениe на вложувачките продукти на КД Фондови и насоките од стручниот тим.

КД Фондови АД Скопје, како дел од финансиска групација KD Group Ljubljana е основано од друштвото за управување со најдолга традиција на словенечкиот пазар и над 500 милиони евра под управување. Благодарение на македонското претставништво на оваа реномирана групација, веќе и македонските граѓани се во тек со светските трендови на колективно вложување и ги користат придобивките кои светските топ-бренд компании ги остваруваат за своите акционери.

Постапката за пристапување во инвестициски фонд е крајно едноставна, а по поднесувањето на потребната документација, уплатата на средства и следењето на состојбата на влогот може да се одвива по електронски пат, преку вашиот компјутер или паметен уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП