17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна вила во Беверли Парк (фото)

Луксузна вила во Беверли Парк (фото)

бев1

Оваа резиденција има површина од околу 1.300 метри квадратни и е една од само неколкуте кои ви даваат можност за уживање во панорамскиот поглед, врвното домашно кино и ултра луксузната мастер спална соба со прекрасен поглед на кањонот и градот…

Се наоѓа во Беверли Парк на простор од 4.25 ари и моментално е достапна за купување по цена од 29 милиони долари. Инаку, Беверли Парк е луксузно место од затворен тип, познато по големата концентрација на познати граѓани, како што се Марк Валберг, Еди Марфи, Силвестер Сталоне, Род Стјуарт и Дензел Вашингтон.

Со луксузни паркетни подови, детали од гипс, увозен мермер и рачно правени дрвени детали, оваа резиденција ви нуди убавина во секој свој дел. Нејзиното грандиозно влезно фоаје се отвара кон дневната соба, салата за билијард и пространата работна соба со бар. На главното ниво се наоѓа семејна соба со бар, пространа библиотека и канцеларија со комплексни дрвени панели, како и две соби за гости или персонал.

Гурманската кујна и пространата остава ви даваат можност за организирање на големи забави. Што се однесува до уникатните аспекти на овој имот, во понудата вам ви се врвно кино кое веќе го споменавме, теретана, сауна и турска бања. Врвниот мастер апартман има машки и женски гардеробер и купатило, со додатен простор за седење со поглед на кањонот и градот.

Оваа резиденција е опкружена со врвна градина, тревници, простор за игра на децата, базен со видиковец и интимни катчиња. Исто така, во склоп на оваа резиденција е и гаражата за пет автомобили и додатниот простор за паркирање на отворено.

бев2

бев3

бев4

бев5

бев6

бев7

бев8

бев9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП