20 јуни, 2025

Acquaefuoco камини

ka1

Овие луксузни, био-етанолски декоративни камини ги дизајнирал италијанскиот производител „Acquaefuoco“, млада дизајнерска компанија со децениско искуство во работењето со метал и мебел.

Како што велат самите, нивната мисија е „креирање на предмети кои, освен функционалност, создаваат интезивни емоции и пријатна атмосфера за уживање и опуштање во просториите за разноврсни намени“.

Колекцијата се базира на мотиви од водата и оганот (acqua e fuoco, на италијански), кои се универзални елементи на природата, од кои произлегол целиот живот, а ја карактеризира крајно иновативниот дизајн кој отстапува од традиционалниот пристап.

Компанијата успеа да смисли концепт за оган на отворено на безбеден и еколошки начин благодарение на употребата на био-етанол кој не го загрозува животниот простор и околината. Овие фантастични камини може да ве чинат околу 15.000 долари.

Погледнете ги фотографиите…

ka2

ka3

ka4

ka5

ka6

ka7

ka8

ka9

ka10

ka11

ka12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар