21 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Llao Llao Hotel & Resort (фото)

Луксузниот Llao Llao Hotel & Resort (фото)

лао1

Покрај своите плажи, џунгли и антички рушевини, Јужна Америка има многу малку тропски атракции, кои им се интересни на патниците кои сакаат луксуз…

Со поглед на прекрасните Анди и блиското езеро, „Llao Llao Hotel & Resort, Golf – Spa“ на своите гости им нуди највисоко ниво на луксуз кога во прашање е сместувањето, погодностите и услугата, во опкружување кое едноставно, на прв поглед го одзема здивот.

Овој генијален ресорт има 205 соби кои се многу удобни и елегантни, а инспирирани се од убавината и грациозноста на самата Патагонија. Со ова на ум, јасно ви е што ве чека во ова прекрасно место: совршено природно опкружување за љубителите на планинарењето, прошетките и било кои други активности на отворено. Летото е совршено време за посета на ова место, бидејќи тогаш имате можност и за уживање во спортовите на вода, додека пак, во зима ова место е одлично за сите спортови кои имаат врска со снегот. Овој хотел има и прекрасен терен за голф, кој е совршено вклопен со прекрасното опкружување.

Сите овие активности кои ја црпат вашата енергија се сјајни, но овде постои нешто што е наменето за оние кои сакаат да се опуштат, одморат и уживаат. „Llao Llao“ луксузниот хотел има и специјален спа-центар, со фантастична атмосфера и уште подобри третмани кои ќе ги подмладат душата и телото на секој гостин.

лао2

лао3

лао4

лао5

лао6

лао7

лао8

лао9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП