8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина во јануари го оствари највисокиот трговски суфицит од речиси половина година

Кина во јануари го оствари највисокиот трговски суфицит од речиси половина година

kina brod3

Кинескиот извоз расте многу побрзо од очекуваното во јануари поради зголемената глобална побарувачка. Така кинеската трговија го oствари највисокиот месечен суфицит од речиси половина година, соопштува „Wall Street Journal“.

Извозот бележи раст од 7,9% на годишна основа во текот на првиот месец од 2017-та година, опоравувајќи се од 6,1 процентниот пад во декември, покажуваат податоците на Царинската управа. Економистите анкетирани од „WSJ“, очекуваа зголемување од 3,1 отсто.

Увозот во јануари, исто така се зголемува над очекувањата и бележи раст од 16,7% на годишна основа. Во декември зголемувањето беше 3,1 отсто.

Така трговскиот вишок на Кина се проширува од 40,82 милијарди долари во декември до 51,35 милијарди долари во јануари – највисоко ниво од август.

„Ова се добри вести за кинеските извозници. Глобалните фундаментални фактори се подобруваат и го поттикнуваат растот“, коментира Џоу Hao, економист од „Commerzbank“. Според податоците кинескиот извоз најдобро се одразува кон Тајван, Сингапур, Јапонија, Јужна Кореја и Германија.

Повисок извоз сепак може да даде поводот за загриженост дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе воведе казнени политики, за да го намали трговскиот дефицит на САД.

Неодамна Трамп ги критикуваше трговските политики на Германија и Кина и се закани нагло да ги зголеми царините за увоз од Кина. Според голем број економисти такви мерки може да се ја сопнуваат обновата на кинескиот извоз.

Претставниците на кинеските власти се обидоа во последните недели да ги минимизираат разликите и да се фокусираат на економските врски меѓу двете држави. Но исто така тие предупредија дека Пекинг ќе одговори ако САД прва воведе казнени мерки.

Зголемувањето на извозот од Кина е првиот од март 2016-та година и голем број на економисти го оддаваат на силното глобална побарувачка главно од САД, како и на побрзата инфлација, која ја зголемува вредноста на извозот.

Увозот во Кина расте поради поскапите суровини, акумулира резерви и благопријатниот репер од јануари 2016-та година. „WSJ“ наведува дека обично околу Кинеската нова година се забележани поголеми флуктуации во базата, бидејќи фабриките затвораат за неколку дена, а луѓето се затвораат во своите домови, за да прослават.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП