10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМодерна вила во Литванија (фото)

Модерна вила во Литванија (фото)

вии1

Литванското архитектонско студио Arches речиси ја заврши својата работа на вилата сместена на сончевата страна на долината, во близина на литванскиот град Рагува.

Сместена во контролирана природна средина, речиси сосема одвоена од урабаниот центар, оваа вила мораше да го задволи модерниот вкус на клиентите и во исто време да ги испочитува сите прописи на оваа зона. Нејзиниот простран план има L облик, па во целост е  искористен нејзиниот уникатен облик со цел да се контролира светлината, погледот и екстерната естетика. Нејзиното долно ниво е делумно вкопано во падината на брдото, а бидејќи е обложено со темен камен, тоа едвај станува видливо поради сенката која се создава тука.

Дневната , спалната соба и канцеларијата имаат стаклени ѕидови кои се отвораат кон долината. Камениот пат се шири во прекрасните дрвени области за уживање, кои се креирани како врска со природата. Скалите на отворено и затворено го поврзуваат горното ниво со долното. Главните спални соби и мастер апартманите заземаат едно крило од горното ниво, кое има спротивна ориентација во однос на долното ниво.

Скриени во густата вегетација, овие простоии уживаат во најголемата количина на приватност. Примарниот животен простор и кујната се наоѓаат во второто крило од овој дом, додека стаклените ѕидови во полна височина на ентериерот ги исполнуваат визиите на природата и зеленилото.

Природно дрво ја сочинува фасадата, која како да плови над потемната структура која се наоѓа над него. Ваквата форма креира природна сенка и џеб, додека во исто време обезбедува контрола и на протокот на природна светлина.

вии2

вии3

вии4

вии5

вии7

вии6

вии8

вии9

вии10

вии11

вии12

вии13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП