22 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКупете си Four Seasons вила на Карибите (фото)

Купете си Four Seasons вила на Карибите (фото)

сво1

Постојат многу елементи поради кои можеме да го сакаме овој простор, вклучувајќи ја неговата совршена локација на прекрасните плажи со бел и нежен песок. Сепак, ова одморалиште на нас ни е омилено поради собите и вилите кои се во понудата, а некои од нив дури се достапни и за купување.

Ултра луксузната Villa 4 со пет спални соби и бањи има 1.000 квадратни метри и претставува совршенство без маани за сите љубители на тропскиот живот.

Оваа пространа резиденција има дуална мастер спална соба, Kelly Wearstler уникатен мебел и подови од сребрен травертин мермер во целиот простор. Повеќето нејзини соби имаат поглед на плажата и океанот.

Дополнителните погодности кои овде ве очекуваат се тушеви на отворено, приватен пристап на плажа, приватен инфинити базен и отворена тераса која гледа на тајната плажа Barnes Bay.

Сопствениците на оваа вила можат исто така да уживаат во сите погодности на Four Seasons одморалиштето, вклучувајќи три базени, детски клуб, луксузниот спа, бројни барови и ресторани. Ако посакаат сопствениците можат да го вратат сојот дом на Four Seasons компанијата и да го направат достапен за изнајмување.

Опремената резиденција ќе ве чини 10 милиони долари.

сво2

сво3

сво4

сво5

 

сво7

сво8

сво9

сво10

сво11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП