15 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕKosenda – Шик и луксузен хотел во Џакарта (фото)

Kosenda – Шик и луксузен хотел во Џакарта (фото)

ај1

Сместен во срцето на Џакарта во близина на сите главни атракции, бутици и ресторани, хотелот „Kosenda“ комбинира елеганција со вистинска доза на луксуз.

Оваа комбинација сите гости во овој хотел пријатно ќе ги изненади, а нивната посета ќе ја направи незаборавно искуство. Ова е совршен дизајнерски хотел, со интересни уметнички трудови, силни бои и уникатни детали кои го прават возбудлив и непредвидлив. Овој хотел има 60 богато декорирани соби, кои одделно се дизајнирани и секоја има свои уникатни завршни детали, покрај удобниот мебел и најновата технологија.

Гостопримливоста и врвниот дизајн одат заедно во овој прекрасен индонезиски хотел, каде ќе се чувствувате како дома по само пет минути престој во него. Неверојатната ложа на покривот, во комбинација со шик барот и прекрасниот ресторан се најдоброто место каде можете да го поминете денот тука и да уживате во Џакарта, така што не мора да излегувате надвор од хотелот за максимално да уживате.

Сепак, доколку посакате да излезете, овој хотел е идеална почетна точка за откривање на Џакарта и нејзините уникатни атракции. Националниот споменик и Катедралата Џакарта се наоѓаат на само неколку минути од хотелот, а тука се и бројни други атракции кои можете да ги видите и пробате.

ај2

ај3

ај4

ај5

ај6

ај7

ај8

ај9

ај10

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП