28 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГламурозна вила од 90 милиони долари (фото+видео)

Гламурозна вила од 90 милиони долари (фото+видео)

вл1

Сместена во Масачусетс, во подрачје кое изобилува со историја и бројни значајни карактеристики, оваа прекрасна вила го доби епитетот најскапа во целата држава, а воедно претставува и еден од најскапите имоти во САД денес…

Оваа вила ја дизајнирало архитектонското студио „Shope Reno Whaton Architects“, процесот на нејзината изградба траел 22 месеци. Вилата се наоѓа во близина на централен Бостон, додека пак, во нејзина близина се наоѓаат и „Brooklyn Country Club“ и „Putterham Meadows“ голф терените.

Заоблената фасада на оваа прекрасна вила крие зад себе 2.600 метри квадратни луксузен животен простор со беспрекорен декор и луксузни погодности за кои многу од нас не ни сонувале.

Со помош на креативната архитектура, оваа вила делува елегантно и едноставно, додека префинетиот инженеринг и најдобрите мајстори се причината поради која вилата изгледа како вистинско чудо на архитектурата и дизајнот. Моментално на пазарот не постои нешто што може да се спореди со оваа вила, во која се наоѓаат уште и 14 хектари тревници, езера и волшебна природна убавина која во овој случај претставува уште еден совршен детал.

Цената на оваа неверојатна вила е 90 милиони долари.

вл2

вл3

вл4

вл5

вл6

вл7

вл8

вл9

вл10

вл11

вл12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП