23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе инвестира 1,5 милијарди долари во воздушен транспорт

Amazon ќе инвестира 1,5 милијарди долари во воздушен транспорт

amazonplane

Американскиот гигант за интернет продажба Amazon најави зајакнување на дистрибутивниот сегмент во бизнисот и отварање на работни места во САД, преку планираната инвестиција од речиси 1,5 милијарди долари во првата база за воздушен товарен транспорт.

Базата за флотата на товарни авиони на Amazon ќе биде изградена во северниот дел на Кентаки и ќе резултира со зголемување на бројот на ангажирани компании во таа држава од две илјади, на вкупен износ од околу 10.000.

Од Amazon не го прецизираа износот на инвестицијата, но од локалните Агенции за развој објавуваат дека станува збор за инвестиција од 1,49 милијарди долари. Базата меѓу другото е избрана и поради централна локација за испорака на стоки, објасни шефот на меѓународни бизниси на Amazon, Дејв Кларк.

За да се намали зависноста од фирми како што се UPS и FedEx, Amazon минатата година склучи договор со две авиокомпании за закуп на теретни летала за заради побрза испорака на пратки. Со тоа сака да создаде услови за брза и бесплатна испорака до клиентите без дополнителни трошоци.

Врз основа на тој договор во моментов за реализација на пратки користи 16 авиони кои во наредниот период треба да биде уште повеќе. Базата во Кентаки ќе служи за товар, истовар и сортирање на стоката. Amazon покажува се повеќе амбиции за област како што е транспорт, во обид за подобрување на контрола на синџирот на снабдување и на трошоците.

Компанијата исто така купи камионски приколки за превоз на стока помеѓу магацините во САД, пред една година регистрираше и филијала за испорака на стоката по морски правци од Кина до пристаништа во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП