28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајдобар Windows лаптоп е MacBook Pro

Најдобар Windows лаптоп е MacBook Pro

Macbook-Pro-new-Design-2012_01

Ако може да се верува на оваа студија, најдобар „Windows“  лаптоп е „Apple MacBook Pro“.

Овој 13-инчен лаптоп го зазема првото место меѓу лаптопите кои го имаат оперативниот систем на „Microsoft – Windows“.

„MacBook Pro“ од 15-инчи исто така се најде на листата за најдобри и тоа на шестото место, а тука се уште и „Acer“, „Dell“ и „Lenovo“.

Студиото „Soluto“ кое ја направи оваа студија се ослони на податоците собрани од јануари до април оваа година во соработка со 37.000 корисници кои ги користат услугите на нивната мрежа.

Компанијата ги мерела резултатите на 1.34 милиони „startup“, 224.144 „crash“, 250.791 „hang“ (кога компјутерот не реагира на команди) и 82.251 „сини екрани“

„Soluto“ објави дека 90 проценти во „машини“ во студијата користеле „Windows 7“, додека само 10 проценти имале „Windows 8“.

„MacBook“ уредите во оваа студија биле единствените кои имале таканаречена „чиста“ инсталација на „Windows“. Поточно немале „crapware“, односно софтвер кој призводителите обично го инсталират во уредите пред оперативниот систем.

Од „Soluto“ најавуваат дека имаат во план да ја повторат студијата, но во следната споредба ќе користат исклучиво лаптопи со „чиста“ инсталација на „Windows“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП