8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУсловни затворски казни за браќата Карабатиќ

Условни затворски казни за браќата Карабатиќ

1216

Судот во Монпеље, на ракометните браќа Никола и Лука Карабатиќ, им изрече двомесечна условна затворска казна и парична од 10.000 евра.

Никола и Лука Карабатиќ заедно со уште 14 обвинети се појавија пред судот во Монпеље, со што заврши петгодишната сага околу местењето на натпреварот помеѓу Монпење и Сесон.

Спорниот натпревар е одигран во 2012 година, во ситуација кога Монпеље, тим за кој тогаш играа браќата Карабатиќ, ја имаше обезбедено титулата, а Сесон се бореше за опстанок. Натпреварот заврши со победа на Сесон 31:29.

Големиот број на уплати ја покрена истрагата, која утврдила дека едно лице уплатило 100.000 евра, а дека браќата Карабатиќ и останатите обвинети заработиле 300.000 евра.

Браќата Карабатиќ парично се казнети со по 10.000 евра и добија условни затворски казни од два месеци, додека најлошо минаа Никола Жиле и Младен Бојиновиќ, за кои судот утврдил дека ја организирале целата афера, со четирмесечни затворски казни, условно, и парично со 20.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП