9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРанч од соништата кој може да биде ваш (фото)

Ранч од соништата кој може да биде ваш (фото)

ра1

Во близина на престижниот скијачки центар Аспен во Колорадо се наоѓа „Circle R“ ранчот од соништатa.

Доколку сте сонувале за планинска фарма опкружена со непрегледно зеленило, еве ви прилика, доколку сте во можност, овој совршен имот можете да го купите по цена од 39.9 милиони долари.

Можеби тоа на фотографиите не се гледа баш најдобро, но овој имот поседува 6 посебни стамбени куќи, а секоја е боженствена на свој начин. Значи, ако се прашшувате зошто цената на овој имот е толку висока, размислете уште еднаш. Добивате вкупно 22 соби, 18 бањи вклучувајќи и многу простории за складирање, амбар, како и колиби. Овој имот е совршен за некој што сака да се занимава со туризам.

Доколку имате деца, малата импровизирана фарма со куќичка е совршено место каде што децата ќе уживаат.

Сите куќи се уредени во кантри-рустичен стил. Природните материјали, каменот, дрвото и циглата доминираат во сите простории, па целокупниот ентериер делува топло и релаксирачки. Замислите го овој имот под снег, или езерото кое преку зимата се претвора во лизгалиште…

За жал, за да го наречете овој имот „свој“, треба да бидете енормно богати. Дотогаш, мечтајте, не е забрането.

ра2

ра3

ра4

ра5

ра6

ра7

ра8

ра9

ра10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП