10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазар на труд: Mногу правници и економисти, малку програмери и градежници

Пазар на труд: Mногу правници и економисти, малку програмери и градежници

temata 00

Стапка на невработеност од 23.4% и околу 6.700 слободни работни места. Бизнисмените велат дека тешко доаѓаат до стручни и квалитетни кадри. Пазарот на труд има дисбаланси – вишок на правници и економисти, недостаток на инженери и програмери.

АВРМ: 6.700 слободни работни места

temata 01

Агенцијата за вработување (АВРМ) има 6.700 активни огласи за вработување. Се бара речиси секоја струка – од готвач, шивач и градежник до геодет, инженер и стоматолог.

Според анализата на АВРМ најмногу слободни места има во Скопје (3.557), Битола (339), Штип (316); најмалку има во Демир Хисар (5), Ресен (5), Свети Николе (1). Во Македонски Брод и Крушево не се бара ниту еден работник!

По дејности најмногу работници се бараат во трговијата (2.041), преработувачката индустрија (1.753), градежништво (541).

Најбарани занимања се продавач (497 слободни позиции), хигиеничар (409), општ работник (353), шивач (302), келнер (266).

Од друга страна, според последните податоци на АВРМ кои се однесуваат на декември, во нивните списоци се запишани 200.774 луѓе. Од нив 104.553 се заведени како „невработени“, а 96.251 како „други лица кои бараат работа“.

Гледано по градови најмногу невработени има во Скопје (16.002), Тетово (13.743) и Куманово (9.907); а најмалку во Валандово (632), Виница (753) и Кратово (762).

Од друга страна податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) кој користи друга методологија покажуваат дека во Македонија има вкупно 221.959 невработени и 727.985 вработени односно стапка на невработеност од 23.4%. Овие бројки се однесуваат на третиот квартал од минатата година.

Најмногу работа во преработувачката индустрија

temata 02

Во Анализата на пазарот на труд за периодот 2015 – 2016 е наведено дека се очекува 45% од вработувањата да бидат реализирани во преработувачка индустрија, 20.4% во трговијата, 9.6% во градежништвото, 5.2% во транспорт и складирање, 4.1% во финансиските и дејностите на осигурување, 3% во објекти за сместување и сервисни дејности за храна.

Набљудувано по регион, во Скопскиот се предвидува да се реализираат 44.1% од вкупниот број на очекувани вработувања, во Источен 18%, во Пелагониски 11%, во Вардарскиот 8.7%, во Југоисточниот 8.4%, во Североисточен 7.3%, во Југозападниот 1.3% и во Полошки 1.2%.

Според степенот на потребно образование 10.8% од очекуваните вработувања треба да бидат за луѓе со завршено високо образование, 7.9% со вишо, 63.5% со средно и 17.8% со основно образование.

Пазарот на труд има сериозни дисбаланси

temata 03

Бизнисмените велат дека и покрај високата стапка на невработеност тешко доаѓаат до стручни и квалитетни кадри. Пазарот на труд има дисбаланси – вишок на правници и економисти, недостаток на инженери и програмери.

„Ако знам како родител дека моето дете ќе има поголема шанса ако биде програмер, ќе направам се за тоа, преквалификациски курс или што и да е. Ако го не го направам тоа, ако моето дете стане правник ќе влезе само во масата каде има огромна конкуренција“ вели Дарко Велков, сопственик на vrabotuvanje.com. Од друга страна и инсистирањето да се заврши факултет, односно да се добие диплома предизвикува проблеми на пазарот. Тоа се согледува и во огласите за работа – многу тешко се доаѓа до продавачи, шивачи, заварувачи.

Бизнисмените постојано апелираат дека тешко доаѓаат до соодветно обучени работници и покрај стапката на невработеност од 23.4%.

Во Сојузот на стопански комори (ССК) излегоа и со предлог – мерки во оваа насока. Бараат законски измени за практична работа преку кои би се регрутирале работници уште во средните училишта.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП