4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell продава удел во гасно поле на кувајтската државна енергетска компанија

Shell продава удел во гасно поле на кувајтската државна енергетска компанија

pole nafta3353

Нафтениот гигант „Royal Dutch Shell“ ќе го продаде својот удел во тајландското крајбрежно гасно поле на „Kuwait Petroleum“ за 900 милиони долари. Меѓународната компанија продолжува да продава имот, за да собере средства во позадина на долгогодишниот пад на енергетската индустрија, коментира „Bloomberg“.

„Shell“ постигнала договор за продажба на две подружници кои вкупно поседуваат 22,2% удел во полето „Бонгот“ и соседните крајбрежни области на подружница на „Kuwait Foreign Petroleum Exploration“ – познато како „Kufpec“, соопшти „Shell“. Портпаролот на „Kufpec“ – меѓународната поделба на државната енергетска компанија на Кувајт, за момент не бил пронајден за коментар.

Полето „Бонгот“ започнува со производство во 1993-та година и станува дел од средствата на „Shell“, кога компанијата се стекна со „BG Group“ за 70 милијарди долари во 2015-та година. За да ја добие поддршката на акционерите за трансакцијата, „Shell“ вети да ги намали трошоците за 2,5 милијарди долари да продаде средства за најмалку 30 милијарди долари во рамките на 4 години и да оствари откуп на акции за 25 милијарди долари од 2017-та до 2020-та година.

„Овој договор покажува јасната инерција зад глобалната програма за продажба на средства за 30 милијарди долари, управувани од вредноста, и во согласност со стратегијата на компанијата да ги остави средствата со висок квалитет и да го поедностави портфолиото по аквизицијата на „BG““, вели „Shell“ во пораката.

Другите сопственици на полето се француската „Total“ со удел од 33,3% и тајландската „PTT Exploration & Production“, која има удел од 44,4% и оперира на полето. Договорот би требало да биде завршен во овој квартал, изјавија од „Shell“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП